Saturday, December 12, 2009

Victor Hugo

Виктор Иго е еден од великаните на францускиот романтизам. Роден е на 26 февруари 1802 година во Безансон. Покрај Балзак, тој е најистакната фигура во француската книжевност во XIX-от век. Негови најпознати дела се „Ѕвонарот од богородичната црква“ и „Клетници“, иако неговото творештво е огромно. Неговиот татко бил командант во војската на Наполеон, од чија страна подоцна Иго е избркан од државата поради неговите политички мислења. Поради необичната блискост со мајка му, Иго после нејзината смрт се осетил послободен за да се ожени со Адел (1822). Своето прво дете го добиле во 1823 , но детето умрело уште во неговото детство. Други Игови деца биле ќерките Леополдин и Адел, и синовите Чарлс и Франсоа-Виктор. Во 1881 Виктор го прославил својот 79 роденден. Во чест на тоа му била направена голема прослава.Му била направена најголемата парада во француската историја.Народот марширал од “Авену д'Елеј” до Елисејските полиња и до самиот центар на Париз. Народот марширал 6 сати за да поминат пред Иговиот стан, а Иго седел на прозорецот и го гледал народот. Секој чекор од парадата бил направен и испланиран во негова чест. Додека бил на еден остров, Иго ги
напишал познатите памфлети за Наполеон Бонапарта „Малиот Наполеон” и „L'histoire d'un crime“. Памфлетите биле забранети во Франција, но имале големо влијание. Иако Наполеон Бонапарта во 1859 ги помилувал на политичарите што биле ибркани,Виктор Иго одбил да се врати во Франција, бидејќи тоа би значело дека треба да ги повлечи своите критики и мислења за владата и кралот. Кога Наполеон Бонапарта паднал од на власт и се создала Третата Република, Иго се вратил во родната земја во 1870 и бил избран во Народната заедница и Сенатот. Виктор Иго умрел на 83 години. Неговата смрт била испратена со јавно жалење и плачење. Во светот не го цениме само како еден од најдобрите писатели туку и како борец за Третата Република и демократијата во Франција. Повеќе од 2 милиони луѓе биле на неговиот погреб. Иго починал на 22 мај во 1885, во Париз, а бил погребан во Пантеон.
Не е тешко да се биде добар, тешко е да се биде праведен! (Victor Hugo)

No comments:

Post a Comment