Monday, December 14, 2009

Малите нешта во животот

Бисери на мудроста низ приказни од животот

I.
Во старо време царот наредил на средината на еден главен пат да се постави еден голем камен. Се скрил во близина и набљудувал дали некој ќе се потруди да го тргне каменот од патот. Трговци и богати кметови одеа по патот, но сите само го заобиколуваа каменот и продолжуваа. Некои дури и го критикуваа кралот, но никој од нив не се обиде да го тргне каменот. Наскоро по патот проаѓаше еден селанец со тежок товар од зеленчук на плеќите. Кога го виде каменот тој застана, го спушти товарот на земја и се обиде да го тргне каменот. После доста напор тој успеа да го однесе каменот на работ од патот. Кога се врати по својот товар, на местото каде што пред тоа беше каменот најде торбиче со златници и писмо од кралот во кое пишуваше дека златниците се наменети за оној кој ќе го тргне каменот од патот. Селанецот знаеше нешто што многумина не знаат, а тоа е дека сите препреки се можност за подобрување на нашиот живот!

II.
Кога работите ќе тргнат потполно на друга страна и не се онакви какви што сум очекувала или кога едноставно ќе станам на погрешна нога, си припомнувам на зборовите од една поема од Вилтон Хил. Дозволете ми да ви ги кажам во целост:"Денеска во автобус забележав прекрасна девојка со златна коса. И позавидов. Сета блескаше, па посакав и јас да бидам толку убава. Кога се подигна за да тргне забележав дека оди на една нога и се потпира на штаки. Но, кога помина покрај мене, ми се насмевна. Господе, прости ми кога плачам! Јас ги имам двете нозе и целиот свет е мој. Подоцна, додека чекорев по улицата, здогледав детенце со сини очиња. Стоеше на страна и ги гледаше другите деца како си играат. Застанав и го прашав зошто не си игра со нив. Не изговарајќи ниту збор гледаше пред себе и тогаш сватив дека е немо. О, Господе, прости ми кога плачам! Јас ги имам двете уши и слушам. Целиот свет е мој. Со нозете кои ме водат, со очите со кои го гледам руменилото на зајдисонцето, со ушите со кои слушам, полна сум со благослов и целиот свет е мој. Секој ден е божји дар. Уживајте во него."

III.
После неколку месеци на студиите по медицина, професорот ни подели тест. Бев примерен студент и брзо одговорив на сите прашања, освен на последното:"Како се вика нашата чистачка"?Го предадов тестот не пополнувајќи го последното прашање. Пред крај на тестот еден колега го праша професорот дали и последното прашање ќе влијае на оценката. "Секако"-одговори професорот."Во животот ќе запознаете многу луѓе. Секој од нив го заслужува вашето внимание и е значаен на свој начин. Наменете му насмевка или пак само поздравете го".Оваа поука не ја заборавив, а дознав и дека чистачката се викаше Марија.

IV.
Ако не си ја искусил несреќата на војната или изгубил слободата, агонијата на мачење или болката од глад, живееш поубаво од 500 милиони жители на нашата планета! Ако имате редовен оброк, облека и покрив над главата, кревет во кој спиете, побогати сте од 75% жители на нашиот свет! Ако имате нешто пари на сметка или во новчаник, како и ситни ковани парички, спаѓате во 8% најбогати луѓе во светот! Ако ја читате оваа порака ќе дознаете дека некој мисли на вас и не спаѓате во 2 милијарди луѓе кои не знаат да читаат!

V.
Работи вредно секој ден како животот да ти зависи од тоа. Твојата судбина не го одредува она што го работиш, туку како го работиш тоа. Секогаш направи се што бараат од тебе и повеќе. Наградата ќе ти дојде. Знај дека постои само еден сигурен начин да се постигне успех, а тоа е со напорна работа. Ако не си подготвен да ја платиш оваа цена за успех, подготви се за просечен живот. Секогаш давај се од себе. Што ќе посееш сега, подоцна ќе го жнееш!

VI.
Во дождлива ноќ при силно невреме, една црнкиња стоеше покрај патот. Автомобилот и беше расипан и и требаше помош. Потполно мокра од дождот почна да ги застанува автомобилите. Еден млад белец како да не ги познаваше расните судири во САД (во средината на 60-тите години) застана да и помогне. Тој ја однесе на сигурно, повика механичар и такси. Жената се брзаше, но ја запиша адресата на својот спасител. После една недела некој почука на вратата од младичот. Тој изненадено се загледа во поштарот кој носеше голем пакет. Во пакетот беше голем телевизор во боја со порака:"Најголема благодарност што ми помогнавте онаа ноќ. Дождот ја натопи мојата облека, како и мојата душа и во тој миг дојдовте Вие. Благодарејки ви Вам, за последен пат успеав да го видам својот сопруг пред да замине од овој свет. Бог нека ве благослови"!

VII.
Погледнето го цветот. Може ли тој да каже:"Го нудам својот мирис на добрите, ама не и на лошите"! Или може ли да замислите улична светилка која одбива да го осветлува патот на лошите кои поминуваат под неа! Погледнете како дрвото ја дарува својата незаштитена сенка на сите без разлика-добри или лоши, млади или стари, на луѓето и на ѕверовите, па дури и на оние кои му приоѓаат со намера да го пресечат. Тоа е првата смисла на љубовта, нејзината неделивост. Како што сонцето со своите зраци ги осветлува и добрите и лошите, како што дождот паѓа за праведните и неправедните. Тоа е универзалната љубов -несебична, неделива, безвременска, непроценлива и бескрајна!

VIII.
Живееме во време кое личи како да чекори побрзо и од брзината на светлината, каде многу е лесно да се стекне лоша навика на барање излез или навика на заобиколување на некои обврски за кои најчесто мислиме дека можеме и без нив. Во животот кога ќе прифатите било која задача за да го заработите вашето парче леб, никогаш, никогаш не ги запоставувајте малите работи. Никогаш нема да го достигнете врвот на вашите остварувања кои би требало да ве окарактеризираат ако постојано ги кршите прстите и ја одбегнувате одговорноста. Овде би го цитирала Бенџамин Франклин кој рекол: Заради намалување на шајките, страдаат потковиците, а со тоа страдаат коњите.Заради намалување на коњите, страдаат коњаниците, а заради намалување на коњаниците се губи битката.Затоа при работата бидете темелни и никогаш не ги запоставувајте малите работи!

No comments:

Post a Comment