Monday, December 14, 2009

Бисери на љубовта

"Никој не е должен да љуби друг повеќе од себеси"
-Анте Старчевиќ


"Вљубениот човек сака да биде пољубезен отколку што може да биде таков: ете зошто речиси сите вљубени се смешни"
-Никола Сабастиен Р. Шамфор


"Љубовта е пролетно растение, кое сé исполнува со својот мирис на надеж, дури и урнатините што ќе ги обрасне"
-Флауберт

"Да се пие кога не сме жедни и да се води љубов во секое време, тоа е сé госпоѓо, со што се разликуваме од животните"
-Бомарше

"Bo втората љубов човек се чувствува како го повторува класот: познати му се сите предмети, но сепак, нема самодоверба дека ќе го положи испитот"
-Бранислав Нушиќ


"Koгa љубовта сака да зборува, разумот треба да молчи"
-Жан Франсоа Рењар


"Повеќе е за жалење оној, кој поради умот ќе ја загуби љубовта, отколку оној, кој поради љубовта ќе го загуби умот"
-Божидар Кнежевиќ

"Ha светот нема ништо послатко од љубовта, а после љубовта најслатка е омразата"
-Хенри В. Лонгфелоу


"Да се биде вљубен значи во очите на оној што ве caка да го гледате тоа што го посакувате, a не реалното"
-Пол Ребу

"Нема поголема несреќа во љубовта од смртта на фантазијата"
-Мередит

"На почетокот љубовниците зборуваат за иднината, а кога љубовта е при крајот, зборуваат за минатото"
-Aндре Мауроис

"Љубовта наликува на вода. Ако не ја разбранува нешто, таа трули како мочуриште"
-Артуро Граф

"Да се вљубиш не значи да сакаш... Човекот може да се вљуби и мразејќи"
-Достоевски

"Љубовта се раѓа од верба, живее од надеж а умира од милостина"
-Џан Карло Меноти

"Љубовта е тиранин, кој нема обзири кон никого"
-Корнелие

No comments:

Post a Comment