Wednesday, December 16, 2009

Од големите мислители...


"Нема суштество без љубов, ниту вистинска љубов без љубомора, ниту љубомора без прељуба, ниту прељуба без причина"
- Тирсо де Молина

"Вистинската љубов го цени тоа што го љуби, но не е вистинска онаа љубов што го љуби само тоа што е ценето"
- Лудвиг Борн


"Co тек на времето почнуваме да ги сакаме работите што некогаш сме ги мразеле, и да ги мразиме оние нешта што некогаш сме ги сакале"
- Роберт Луис Стивенсон



"Љубовта е како заразна болест: колку повеќе човекот се плаши од неа, толку повеќе е изложен на неа"
- Никола Себастиен Р.Шамфор

"Љубовта гледа низ очила низ кои бакарот й се причинува како злато, бедата богатство, а стакленцата - бисери"
- Сервантес

"Брачната љубов го создава човештвото, пријателската го усовршува, но разузданата го расипува и го понижува"
- Бекон

"Омразата и љубовта во еден поглед се неделиви: човек никогаш не мрази друг човек од љубов кон себеси, а често се случува обратното"
- Јован Дучиќ

"Ако е морален само бракот склучен од љубов, тогаш морален ќе остане само бракот во којшто љубовта и натаму постои"
- Енгелс

"Човекот може да го љуби само оној за кого е сигурен дека ќе биде тука секогаш кога ќе му затреба"
- Гете

"Жената ја докажува љубовта према мажот со жртвување,а мажот - со глупости"
- Knud Hjorto

"Љубовта и кашлицата не можат да се сокријат"
- Џорџ Херберт

"Љубовта е најверојатно единствената работа на светот која не треба да се објаснува ниту да и се бара причина"
- Меша Селимовиќ

"Никогаш не престанувај да се смееш, дури ни кога си тажен- некој може да се заљуби во твојата насмевка"
- Gabriel Garcia Marquez


“Ако носиш нешто неизречено,нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина и таа сама ке го рече“
- Ацо Шопов

“Радувајте и се на младоста,бидејќи во староста ќе барате многу радосни спомени“
- Арагон

“Самотијата е понекогаш најдобро друштво“
- Милтон


“Љубовта не смее да го успие разумот“
- Масаруи


“Раната која се крие споро и тешко заздравува“
- Андриќ

“Совеста е глас во душата“
- Толстој

“Има многу стари идеи кои понекогаш стануваат нови.“
- Достоевски

Tuesday, December 15, 2009

Simple wisdom

Кој дава за да добие нешто, не дава ништо.
Латинска поговорка

Вратата на добричинството на секого му е отворена.
Арапска поговорка

Отргни се од тоа што не те засега и ќе бидеш задоволен.
Арапска поговорка

Ако чуеш некој човек да ти препипшува некое добро кое не си го направил, тогаш немој да бидеш сигурен дека нема да ти препишува и зло кое нема да го направиш.
Арапска поговорка

На заљубените никогаш не им е досадно затоа што тие зборуваат само за себе.
Лорошфуко

Ако си камен биди мил, ако си растение биди нежно, ако си човек биди ЉУБОВ!
Виктор Иго

Разделбата ја слабее просечната љубов, а ја за засилува силната, како што го гаси пламенчето, а го разорува пламенот.
Балзак

Љубовта живее со давање, а не со земање.
Св. Августин

Љубовта е среќа која заемно се дава.
Жорж Санд

Таму каде што љубовта владее, лутата љубомора е стражар на љубовта.
Шекспир

Втората љубов е всушност прва.
Бранислав Нушиќ

Да сакаш и да бидеш сакан значи да го чувствуваш сонцето од двете страни.
Денев

Љубовта не е чудо но прави чуда.
Милан Бреговиќ

Големите љубови се ретки како што се ретки и големите дела.
Адлер

Љубовта се храни со надежи.
Лао Це

Вљубените се гледаат само себе си на светот, а забораваат дека светот ги гледа.
Платон

Бедна е љубовта ако не ја следи фантазијата.
Граф

Јазикот на љубовта е во очите.
Финеас Флечер

Невозможно е да се сокрие љубовта во очите кои љубат.
Џон Краун

Виното не го опива човекот, човекот се опива сам.
Kинеска поговрка

Gloria discipuli, gloria magistri - Славата на ученикот е слава на учителот.
Латинска поговрка

Veritatis oratio simplex et - Едноставен е говорот на вистината.
Латинска поговорка

Satius est pedibus labi quam lingua - Подобро да се сопнеш со нозете одколку со јазикот.
Латинска поговорка

Зборот треба да се одржи дури и кога му е даден и на непријателот.
Латинска поговорка

Немој да мислиш дека си добар само ако си најдобар меѓу најлошите.
Латинска поговорка

Најпрвин сакај па после прави што сакаш.

Тешкиот збор ни кантар не го мери.

Воената победа се завршува со карневал во црнина

Судбината конец ткае, a срце пара.

Човек без сопствени мисли e слепeц без стап.

Monday, December 14, 2009

Еден од најголемите македонски поети



Константин Миладинов (Струга 1830 – Цариград, 18 јануари 1862) е македонски поет и собирач на народни умотворби и поет. Тој е првиот македонски лирски поет и основоположник на македонската поезија. Со неговата песна „Т'га за југ“, која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.


Роден е во Струга, во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина , Грција. На 14 октомври 1849 година се запишал на Филозофскиот факултет во Атина, дипломирал 1852 година, отсек грчка филологија. Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места.
По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година станал учител во селото Трново , битолско.
По завршувањето на студиите престојувал во манастирот „Зограф“ на Света Гора. По враќањето во Струга, станал учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запишал и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувала во неговиот весник „Братски труд“, како и во весникот „Дунавски лебед“ и списанието „Бугарски книжици“.
Константин заминал во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај.
Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија.
Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулозо. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.
Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.
На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - „Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци“, дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Чолаков).
Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Надевајќи се дека ќе успее да го ослободи својот брат, наместо за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети околности.

Малите нешта во животот

Бисери на мудроста низ приказни од животот

I.
Во старо време царот наредил на средината на еден главен пат да се постави еден голем камен. Се скрил во близина и набљудувал дали некој ќе се потруди да го тргне каменот од патот. Трговци и богати кметови одеа по патот, но сите само го заобиколуваа каменот и продолжуваа. Некои дури и го критикуваа кралот, но никој од нив не се обиде да го тргне каменот. Наскоро по патот проаѓаше еден селанец со тежок товар од зеленчук на плеќите. Кога го виде каменот тој застана, го спушти товарот на земја и се обиде да го тргне каменот. После доста напор тој успеа да го однесе каменот на работ од патот. Кога се врати по својот товар, на местото каде што пред тоа беше каменот најде торбиче со златници и писмо од кралот во кое пишуваше дека златниците се наменети за оној кој ќе го тргне каменот од патот. Селанецот знаеше нешто што многумина не знаат, а тоа е дека сите препреки се можност за подобрување на нашиот живот!

II.
Кога работите ќе тргнат потполно на друга страна и не се онакви какви што сум очекувала или кога едноставно ќе станам на погрешна нога, си припомнувам на зборовите од една поема од Вилтон Хил. Дозволете ми да ви ги кажам во целост:"Денеска во автобус забележав прекрасна девојка со златна коса. И позавидов. Сета блескаше, па посакав и јас да бидам толку убава. Кога се подигна за да тргне забележав дека оди на една нога и се потпира на штаки. Но, кога помина покрај мене, ми се насмевна. Господе, прости ми кога плачам! Јас ги имам двете нозе и целиот свет е мој. Подоцна, додека чекорев по улицата, здогледав детенце со сини очиња. Стоеше на страна и ги гледаше другите деца како си играат. Застанав и го прашав зошто не си игра со нив. Не изговарајќи ниту збор гледаше пред себе и тогаш сватив дека е немо. О, Господе, прости ми кога плачам! Јас ги имам двете уши и слушам. Целиот свет е мој. Со нозете кои ме водат, со очите со кои го гледам руменилото на зајдисонцето, со ушите со кои слушам, полна сум со благослов и целиот свет е мој. Секој ден е божји дар. Уживајте во него."

III.
После неколку месеци на студиите по медицина, професорот ни подели тест. Бев примерен студент и брзо одговорив на сите прашања, освен на последното:"Како се вика нашата чистачка"?Го предадов тестот не пополнувајќи го последното прашање. Пред крај на тестот еден колега го праша професорот дали и последното прашање ќе влијае на оценката. "Секако"-одговори професорот."Во животот ќе запознаете многу луѓе. Секој од нив го заслужува вашето внимание и е значаен на свој начин. Наменете му насмевка или пак само поздравете го".Оваа поука не ја заборавив, а дознав и дека чистачката се викаше Марија.

IV.
Ако не си ја искусил несреќата на војната или изгубил слободата, агонијата на мачење или болката од глад, живееш поубаво од 500 милиони жители на нашата планета! Ако имате редовен оброк, облека и покрив над главата, кревет во кој спиете, побогати сте од 75% жители на нашиот свет! Ако имате нешто пари на сметка или во новчаник, како и ситни ковани парички, спаѓате во 8% најбогати луѓе во светот! Ако ја читате оваа порака ќе дознаете дека некој мисли на вас и не спаѓате во 2 милијарди луѓе кои не знаат да читаат!

V.
Работи вредно секој ден како животот да ти зависи од тоа. Твојата судбина не го одредува она што го работиш, туку како го работиш тоа. Секогаш направи се што бараат од тебе и повеќе. Наградата ќе ти дојде. Знај дека постои само еден сигурен начин да се постигне успех, а тоа е со напорна работа. Ако не си подготвен да ја платиш оваа цена за успех, подготви се за просечен живот. Секогаш давај се од себе. Што ќе посееш сега, подоцна ќе го жнееш!

VI.
Во дождлива ноќ при силно невреме, една црнкиња стоеше покрај патот. Автомобилот и беше расипан и и требаше помош. Потполно мокра од дождот почна да ги застанува автомобилите. Еден млад белец како да не ги познаваше расните судири во САД (во средината на 60-тите години) застана да и помогне. Тој ја однесе на сигурно, повика механичар и такси. Жената се брзаше, но ја запиша адресата на својот спасител. После една недела некој почука на вратата од младичот. Тој изненадено се загледа во поштарот кој носеше голем пакет. Во пакетот беше голем телевизор во боја со порака:"Најголема благодарност што ми помогнавте онаа ноќ. Дождот ја натопи мојата облека, како и мојата душа и во тој миг дојдовте Вие. Благодарејки ви Вам, за последен пат успеав да го видам својот сопруг пред да замине од овој свет. Бог нека ве благослови"!

VII.
Погледнето го цветот. Може ли тој да каже:"Го нудам својот мирис на добрите, ама не и на лошите"! Или може ли да замислите улична светилка која одбива да го осветлува патот на лошите кои поминуваат под неа! Погледнете како дрвото ја дарува својата незаштитена сенка на сите без разлика-добри или лоши, млади или стари, на луѓето и на ѕверовите, па дури и на оние кои му приоѓаат со намера да го пресечат. Тоа е првата смисла на љубовта, нејзината неделивост. Како што сонцето со своите зраци ги осветлува и добрите и лошите, како што дождот паѓа за праведните и неправедните. Тоа е универзалната љубов -несебична, неделива, безвременска, непроценлива и бескрајна!

VIII.
Живееме во време кое личи како да чекори побрзо и од брзината на светлината, каде многу е лесно да се стекне лоша навика на барање излез или навика на заобиколување на некои обврски за кои најчесто мислиме дека можеме и без нив. Во животот кога ќе прифатите било која задача за да го заработите вашето парче леб, никогаш, никогаш не ги запоставувајте малите работи. Никогаш нема да го достигнете врвот на вашите остварувања кои би требало да ве окарактеризираат ако постојано ги кршите прстите и ја одбегнувате одговорноста. Овде би го цитирала Бенџамин Франклин кој рекол: Заради намалување на шајките, страдаат потковиците, а со тоа страдаат коњите.Заради намалување на коњите, страдаат коњаниците, а заради намалување на коњаниците се губи битката.Затоа при работата бидете темелни и никогаш не ги запоставувајте малите работи!

Song for you:)

I Cannot Protect Myself From THIS
(by Biana Yanovsky)

What are you thinking about right now?
What's going through your mind?
Are you afraid I'm insincere,
Fake, stupid, and blind?
Are you trying to figure out the reasons,
Trying to put together the facts?
Because that's what I'm doing,
I can't handle these broken pacts.
I shouldn't shed a single sorrowful tear,
If I claim to be in love with you.
I shouldn't be manipulating my sadness,
Being left behind alone and blue.
You tell me things, such beautiful things,
Oh, how I want to believe them all
But how can I believe a single word,
How can I allow my protective gates to fall?
Without them, I am vulnerable
To all the harshness love has to give.
But if I keep myself secluded,
Who will supply me with the will to live?
I thought you were there to bring me this,
A desire to strive and move on.
Now I'm noticing little by little,
That maybe, just maybe you aren't "the one."
I may be mistaken, I may be na?,
But I have the confidence to judge and arrive at a conclusion.
I am, also, too in love and amazed by you,
I may easily fall victim to your delusion.
I pray that I will not be fooled,
But I cannot shelter myself from this kind of pain.
If it is destined for us to grow apart,
I just hope... it won't be in vain.
(She's GREAT!!!)

Бисери на љубовта

"Никој не е должен да љуби друг повеќе од себеси"
-Анте Старчевиќ


"Вљубениот човек сака да биде пољубезен отколку што може да биде таков: ете зошто речиси сите вљубени се смешни"
-Никола Сабастиен Р. Шамфор


"Љубовта е пролетно растение, кое сé исполнува со својот мирис на надеж, дури и урнатините што ќе ги обрасне"
-Флауберт

"Да се пие кога не сме жедни и да се води љубов во секое време, тоа е сé госпоѓо, со што се разликуваме од животните"
-Бомарше

"Bo втората љубов човек се чувствува како го повторува класот: познати му се сите предмети, но сепак, нема самодоверба дека ќе го положи испитот"
-Бранислав Нушиќ


"Koгa љубовта сака да зборува, разумот треба да молчи"
-Жан Франсоа Рењар


"Повеќе е за жалење оној, кој поради умот ќе ја загуби љубовта, отколку оној, кој поради љубовта ќе го загуби умот"
-Божидар Кнежевиќ

"Ha светот нема ништо послатко од љубовта, а после љубовта најслатка е омразата"
-Хенри В. Лонгфелоу


"Да се биде вљубен значи во очите на оној што ве caка да го гледате тоа што го посакувате, a не реалното"
-Пол Ребу

"Нема поголема несреќа во љубовта од смртта на фантазијата"
-Мередит

"На почетокот љубовниците зборуваат за иднината, а кога љубовта е при крајот, зборуваат за минатото"
-Aндре Мауроис

"Љубовта наликува на вода. Ако не ја разбранува нешто, таа трули како мочуриште"
-Артуро Граф

"Да се вљубиш не значи да сакаш... Човекот може да се вљуби и мразејќи"
-Достоевски

"Љубовта се раѓа од верба, живее од надеж а умира од милостина"
-Џан Карло Меноти

"Љубовта е тиранин, кој нема обзири кон никого"
-Корнелие

Sunday, December 13, 2009

За животот и луѓето

Нема посиромав човек од оној без мотивација!

Кариеристите немаат свои пријатели - тие имаат свои луѓе!

Она што го немаш позајми го од самиот себе!

Nikoj ne odi tolku visoko, kako toj {to znae kade odi!

Samo onoj koj padnal, mo`e na drugite da im dade vistinski primer kako da stanat!

^ovek {to ne gi menuva svoite stavovi ne e ~ove~ko su{testvo, tuku - spomenik!

I srekata se izmoruva koga nekogo dolgo nosi na grbot!

Prijatelstvoto prestanuva {tom lugeto dobro ke se zapoznaat!

Sudbinata ni gi dava roditelite, prijatelite gi odbirame sami!

^ovekot go ima samo ona {to go dava!

^ovekot se trudi da stane popularen, a {tom }e go postigne toa si stava o~ila za nikoj da ne go poznae!

Ne davaj sovet, osven ako ne ti e pobaran!

Ona {to nema da go vidi{ so svoite o~i, ne go ka`uvaj so svojata usta!

Ne mo`eme da gi kontrolirame zlite jazici na drugite luge, no doblesniot `ivot ni dava sposobnost da gi ignorirame!

Toj {to ozboruva pred tebe, }e te ozboruva i tebe!

Ona {to }e go ka`e{ na uvoto na nekoj ~ovek, ~esto }e se slu{a na golemi dale~ini!

Ako svoite tajni mu gi otкrie{ na vetrot, ne treba da go obvinuva{ {to ke im gi ka`e na drvjata!

@ivej go svojot `ivot, oti si ja umira{ svojata umira~ka!

Dodeka go barame ona {to ne e sigurno, go gubime ona {to e sigurno!

Te{ko e da saka{, uшte pote{ko e da ne saka{, a najte{ko e da najde{ nekoj sakan koj te saka!

Neprijatelite, vsu{nost se prijateli od korist!

Nikoj ne mo`e da ti bide potu| od ~ovekot koj nekoga{ si go sakal!

Osamenite se hrabri, zatoa se osameni!

Onoj koj `ivee samo za sebe, toj e mrtov za drugite!

Neophodno e da se sonuva, no za da se ostvari sonot treba da se bide buden!

Радувај му се на тоа што го поседуваш, тоа се твоите вистински вредности!

Ти си најсреќен на светот со сите вредности што ги носиш во срцето!

Не чекај ја среќата за да се насмевнеш, туку насмевнувај се за да бидеш среќен!

Биди среќен поради верата, упатството и наслетството кое го имаш!

Среќа е задоволство во срцето, смирена душа, отворен ум, духовна радост, морална чистота, умерено однесување, задоволство и благост!

После маката доаѓa олеснувањето, после солзата доаѓа насмевката, после ноќта доаѓa денот, облаците на тагата ќе се разидат, тешкотиите ќе пројдат, ноќта на грижите ќе се раздени, но знај дека те чека награда!

Тоа што те радува нема вечно да трае, а ниту со тагата изгубеното нема да го вратиш!

Срцето е задоволно кога верата е исправна!

Saturday, December 12, 2009

Victor Hugo

Виктор Иго е еден од великаните на францускиот романтизам. Роден е на 26 февруари 1802 година во Безансон. Покрај Балзак, тој е најистакната фигура во француската книжевност во XIX-от век. Негови најпознати дела се „Ѕвонарот од богородичната црква“ и „Клетници“, иако неговото творештво е огромно. Неговиот татко бил командант во војската на Наполеон, од чија страна подоцна Иго е избркан од државата поради неговите политички мислења. Поради необичната блискост со мајка му, Иго после нејзината смрт се осетил послободен за да се ожени со Адел (1822). Своето прво дете го добиле во 1823 , но детето умрело уште во неговото детство. Други Игови деца биле ќерките Леополдин и Адел, и синовите Чарлс и Франсоа-Виктор. Во 1881 Виктор го прославил својот 79 роденден. Во чест на тоа му била направена голема прослава.Му била направена најголемата парада во француската историја.Народот марширал од “Авену д'Елеј” до Елисејските полиња и до самиот центар на Париз. Народот марширал 6 сати за да поминат пред Иговиот стан, а Иго седел на прозорецот и го гледал народот. Секој чекор од парадата бил направен и испланиран во негова чест. Додека бил на еден остров, Иго ги
напишал познатите памфлети за Наполеон Бонапарта „Малиот Наполеон” и „L'histoire d'un crime“. Памфлетите биле забранети во Франција, но имале големо влијание. Иако Наполеон Бонапарта во 1859 ги помилувал на политичарите што биле ибркани,Виктор Иго одбил да се врати во Франција, бидејќи тоа би значело дека треба да ги повлечи своите критики и мислења за владата и кралот. Кога Наполеон Бонапарта паднал од на власт и се создала Третата Република, Иго се вратил во родната земја во 1870 и бил избран во Народната заедница и Сенатот. Виктор Иго умрел на 83 години. Неговата смрт била испратена со јавно жалење и плачење. Во светот не го цениме само како еден од најдобрите писатели туку и како борец за Третата Република и демократијата во Франција. Повеќе од 2 милиони луѓе биле на неговиот погреб. Иго починал на 22 мај во 1885, во Париз, а бил погребан во Пантеон.
Не е тешко да се биде добар, тешко е да се биде праведен! (Victor Hugo)

Вилијам Шекспир & Алберт Ајнштајн

Вилијам Шекспир бил најзначајниот претставник на англиската ренесанса. Роден е во Страдфорд во 1564 година во богато трговско семејство. Шекспир завршил основно образование во родниот град и му помагал на татко си. Се оженил со ќерка на еден богат земјопоседник на само 18 години. Поради интересот кон театарот, на 23 септември се преселил во Лондон. По неколку години тој стапил во најистакнатата група, чии членови го основале „ГЛОБУС“. Тој починал во 1616 година во родниот град.
______________________________________

Некои се раѓаат големи, некои ја достигнуваат големината, додека на некои големината им се наметнува!
Битката ја добива оној што цврсто решил да ја добие!

(William Shakespeare)

Алберт Ајнштајн е роден во еврејско семејство, на 14 март, 1879 година. Тој бил германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релатиновста и теоријата за масноенергетска еквиваленција. Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година. Починал на 18 април 1995 година, на 76 години.
__________________________________________
Тајната на креативноста е во тоа да знаеш да
си ги скриеш изворите!
Не обидувајте се да бидете успешен човек, обидувајте се да бидете човек што вреди!
Фантазијата е многу поважна од знаењето!
Секој интелигентен будала може да ги направи работите поголеми, посложени и понасилно, но потоа е потребен допир на гениј и многу храброст за да се вратат нештата на вистински пат!
(Albert Einstein)

Friday, December 11, 2009

Вистината во изреките

Среќата треба да се има, или да се бара!

Љубовта е слепа, но бракот е искуство што отвара очи!

Погласно плачат оние кои помалку тагуваат!

Грешките настануваат брзо и лесно, а се исправуваат долго и тешко!

Лесно е да се води инает, ама е многу тешко да се процени кои ќе бидат последиците од тоа!

Успешен човек е оној кој ќе им го сврти грбот на сите и ќе ги натера да одат по него!

Зборувајќи за другиот, најмногу кажуваме за себе!

Големите и вистински љубови се секогаш тажни!

И најдолгиот пат започнува само со еден чекор!